Русинка e пронајдена мртва во куфер во Белград, странец е уапсен на аеродром за убиството
Исчезната Русинка e пронајдена мртва во куфер во Белград, a државјанин на Турција e уапсен за нејзиното убиство.
Српската полиција уапсила 25-годишен државјанин на Турција под сомнение дека ја убил младата Русинка Људмила Константиновна-Туркова, која пред неколку дена исчезна во Белград, објави „Данас“.
Осомничениот, со иницијали К.Е., бил приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, додека се обидувал да ја напушти земјата.
Властите се сомневаат дека К.Е., во неделата ја убил 28-годишната Људмила во изнајмен стан во белградската населба Борча. По убиството, тој наводно го ставил нејзиното тело во куфер и го фрлил во водениот канал Визељ. Претходно, пријателка на жртвата објавил апел за помош на социјалните мрежи, наведувајќи дека Људмила последен пат била достапна во вечерните часови во саботата.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител со кривична пријава за тешко убиство.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјавил дека полициското куче Аки го пронашло куферот со телото во каналот Визељ по апсењето на осомничениот.
