ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русинката убиена во Белград била модел, пријателите собираат пари за транспорт на нејзиното тело

Русинката убиена во Белград била модел, пријателите собираат пари за транспорт на нејзиното тело

Русинката чие тело деновиве беше најдено во куфер во канал во Белград, за што е упасен турски државјанин, била модел и живеела во Санкт Петербург. 

Људмила Туркова Константинова (28),  живеела во Санкт Петербург и работела како шанкерка, промотерка и модел за боди арт.

„Људмила беше весела млада девојка. Исклучително убава и полна со живот. Ги обожаваше тетоважите и имаше неколку на своето тело“, рекоа нејзините пријатели.

Откако дознале дека Људмила е убиена во Белград, тие им кажале на некои руски медиуми дека на 23 јули таа долетала во Србија како турист за да престојува кај нејзините пријатели кои живееле таму претходните два месеци.

К.Е.(25) кој е осомничен дека ја убил, полицијата го уапси на аеродром во обид да избега од Србија. Според руските медиуми, нејзините пријатели започнале кампања за собирање пари за да му помогнат на семејството на убиеното девојче да го донесе нејзиното тело во Русија.

ad
Слично

Поврзани вести