(ВИДЕО) Жена го праша Вучиќ зошто не ја вработиле иако собрала гласови
Српскиот претседател Александар Вучиќ беше во посета на Нова Варош, каде жена од публиката јавно побара одговор зошто не добила работа за која, како што тврди, ѝ било ветено дека ќе ја добие доколку собере одреден број гласови на изборите во 2020 година.
Таа му се обрати на Вучиќ, но и на вршителот на должноста директор на „Србијашуми“, Крсто Јањушевиќ, и на претседателот на општина Нова Варош, Бранко Бјелиќ. Жената додаде дека Бјелиќ е нејзин сосед и дека оттогаш повеќе не разговара со неа.
„Мене ме интересира зошто не ја добив таа работа, а ми беше ветено дека ќе ја добијам“, рече жената.
Таа не кажа за какво работно место станува збор. Вучиќ најпрво порача дека никој нема да ја отстрани жената и дека секој има право да каже што сака. Разговорот, сепак, продолжи, а во еден момент тој ја праша „дали е сега доста“.
Потоа ѝ рече дека она што го има со Јањушевиќ и Бјелиќ треба да го решава со нив.
„Тоа што го имате со нив двајца, ќе го решавате со нив двајца. Зошто не сте оделе кај нив во општината?“, ја праша Вучиќ.
Жената одговори дека била во општината, по што разговорот на оваа тема заврши.
фото принтскринЖени из Нове Вароши обећано запослење уколико донесе одређени број сигурних гласова.
— Милош Павловић (@PavloviMilo) August 10, 2026
Наравно преварена као и већина грађана Србије. Уживо то саопштава онима који су је преварили.
Слика и прилика данашње Србије и напредњачког система.
Али систем пуца. pic.twitter.com/STvM2XnLP0
