ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ ЗА НИВОТО НА ДУНАВ: Ако падне за уште 30 сантиметри, готово е

ВУЧИЌ ЗА НИВОТО НА ДУНАВ: Ако падне за уште 30 сантиметри, готово е

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  во интервју за Ниш ТВ, изјави дека земјата се соочува со сериозни проблеми поради екстремната топлина и ниското ниво на водата во Дунав, предупредувајќи дека понатамошното намалување на нивото на реката може да предизвика големи тешкотии.

„Ако падне за уште 30 сантиметри, готово е. Во земјите што имаат нуклеарни централи што зависат од нивото на водата, проблемот е уште поголем. Во секој случај, има безброј проблеми, а најголемиот е во Војводина, особено затоа што таму не врнело. Се јадам жив поради тоа. Нема такви проблеми во другите делови од земјата, само во Војводина, особено во делови од Банат“, рече Вучиќ, пренесува Телеграф.

Тој додаде дека Србија се соочува со „10 дена пекол“ и предупреди на рекордна потрошувачка на електрична енергија.

Се очекува нивото на водата на Дунав дополнително да се намали во наредните денови, бидејќи прогнозата не предвидува значителни врнежи, додека температурите низ регионот се очекува да се искачат на повеќе од 38 степени Целзиусови.

foto printskrin

ad
Слично

Поврзани вести