ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

За еден викенд во Црна Гора регистрирани повеќе влезови отколку што има жители

За еден викенд во Црна Гора регистрирани повеќе влезови отколку што има жители

На граничните премини во Црна Гора во текот на изминатиот викенд биле регистрирани 632.766 влезови на патници и 146.147 влезови на моторни возила.

Бројот на регистрирани влезови за само два дена е поголем од вкупниот број жители на земјата. Според пописот од 2023 година, Црна Гора има 623.633 жители, објави N1.

Најголем сообраќај бил регистриран на граничниот премин Добраково, меѓу Србија и Црна Гора, каде што поминале 80.694 патници.

На преминот Дебели Бријег биле регистрирани 78.800 патници, на Сукобин и Муриќани 72.937, на Драченовац 67.155, а на Божај 44.283 патници.

Преку аеродромот во Подгорица поминале 35.823 патници, преку аеродромот во Тиват 32.532, а преку пристаништето во Котор 31.064 патници.

На граничниот премин Карасовиќи и Дебели Бријег, меѓу Хрватска и Црна Гора, биле создадени колони подолги од 20 километри.

Дел од патниците чекале повеќе од 10 часа на високи температури, поради што бил активиран Штабот за цивилна заштита на општина Конавле.

Мештаните им делеле вода на патниците и им овозможувале да ги користат нивните тоалети. Биле регистрирани и неколку случаи во кои на патници им била потребна медицинска помош.

ad
Слично

Поврзани вести