ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Филипче од јахтата на Заев откри нова криза“: ВМРО - ДПМНЕ со реакција по објавата на СДСМ дека водата во Кривогаштани е загадена

„Филипче од јахтата на Заев откри нова криза“: ВМРО - ДПМНЕ со реакција по објавата на СДСМ дека водата во Кривогаштани е загадена

ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири паника околу квалитетот на водата од селска чешма во Кривогаштани, откако СДСМ објави соопштение со кое предупреди дека водата е загадена.

Од ВМРО велат дека Филипче темата ја отвора додека е на одмор во Грција и го обвинуваат дека случајот го користи за „ширење хистерија“ и политички пресметки.

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата потсетува и на периодот кога Филипче беше министер за здравство, тврдејќи дека тогаш, како што наведуваат, не реагирал на голем број извештаи поврзани со загадена вода.

- Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли нова тема за ширење на хистерија, овој пат за селската чешма со кисела вода во Кривогаштани.

Пуштија СДС со сериозно предупредување бидејќи самопрогласениот „микробиолог“ Венко констатирал со Заев, меѓу две капења, дека селската чешма во Кривогаштани е загадена. Експресно дознале дека е загадена селската чешма, иако претходно како министер за здравство премолче 400 извештаи за загадена вода и не мрдна со прст - пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата го обвинуваат СДСМ и за ширење, како што велат, дезинформации и паника околу квалитетот на водата, посочувајќи дека претходно биле отворани слични теми во Скопје и Гостивар.

Во реакцијата се споменуваат и пожарите на депониите „Вардариште“ и „Дрисла“, при што ВМРО-ДПМНЕ тврди дека годинава нема такви пожари и тоа го поврзува со отсуството на локални избори.

Од партијата на крајот порачуваат дека Македонија треба да продолжи напред, и покрај, како што оценуваат, „незрелоста на СДСМ и Венко Филипче“. 

- Но она што е симптоматично и дискутабилно е, впрочем, улогата на СДС во ширењето на дезинформации и паники, и нивното занимавање со хибридни напади.

Лани ова време редовно беа запалени депониите Вардариште и Дрисла. Оваа година нема пожари, затоа што нема локални избори.

Пироманите од СДС се фатија со друга задача.

Оваа година талогот од СДС се зафати со ширење на нова хистерија – загадена вода на селска чешма во Кривогаштани, откако претходно ширеа хистерија за водата во Скопје и Гостивар.

Додека Филипче се занимава со селската чешма во Кривогаштани, Македонија мора да оди напред и покрај незрелоста на СДС и Венко Филипче - се потенцира на крајот од објавата. 


ad
Слично

Поврзани вести