„Гостивар, Демир Капија, Кривогаштани. Ова веќе е системски колапс“: СДСМ со нови обвинувања за водата во Македонија
По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во Кривогаштани. Македонија без безбедна вода.
Ова го посочуваат денеска од опозициската СДМС, од каде велат дека по пет недели од труењето на над 5.000 луѓе во Гостивар, од пред два дена, во Демир Капија и со предупредувања дека во повеќе од 50 места низ државата нема редовни анализи - еве нов случај.
- Во јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани утврдено е присуство на бактеријата Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa и зголемен број на колиформни бактерии.
Водата и од оваа јавна чешма не е безбедна за пиење.
Ова веќе е системски колапс. Гостивар. Демир Капија. Кривогаштани.
И уште десетици места за кои јавноста нема никакви информации - нагласуваат од СДСМ.
Според нив, додека премиерот Мицкоски оди на увид на фекална канализација во Идризово и држи здравици преку посредници, граѓаните низ цела Македонија продолжуваат да пијат вода со фекални бактерии.
- За Гостивар сè уште нема официјален документ со кој се потврдува чистотата на водата и комплетна анализа.
Сè уште нема одговорна личност која стои зад таа одлука - освен „чувството“ на Мицкоски.
Сè уште Обвинителството не дало одговор кој дозволил Гостивар со недели да пие отруена вода.
Одговорноста не може вечно да се избегнува - заклучуваат на крајот од објавата.
Слично
