ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристи се качуваат по камбанаријата на црквата „Св. Никола“ во Маврово - граѓаните бараат итни реакции од надлежните (ВИДЕО)

Туристи се качуваат по камбанаријата на црквата „Св. Никола“ во Маврово - граѓаните бараат итни реакции од надлежните (ВИДЕО)

Туристи облечени во купаќи снимени како се качуваат во канбаранијата на црквата „Св. Никола“ во Маврово за да скокаат во езерот ја разбранува јавноста, откако видео и фотографии од нивната забава беа објавени на социјалните мрежи. 

Најголем дел од граѓаните се згрозени од фотографиите и видеата на кои се гледаат младите девојки како се искачуваат во камбанаријата на потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, облечени во костими за капење, третирајќи го верскиот и културен споменик како реквизит за забава.

Дел од граѓаните и локалното население кои и самите биле сведоци и снимиле дел од нивните активности преку социјалните мрежи упатија јавен апел до Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк, МВР и Комуналната инспекција, барајќи итна контрола и санкции за сквернавењето на духовниот простор.


Граѓаните истакнуваат дека сите туристи се добредојдени, но бараат задолжително почитување на кодексот на однесување и верските чувства.

- Поради качувањето по градбата, постои реален ризик од дополнително физичко оштетување на и онака нарушениот црковен објект. Се бара од градоначалникот, полицијата и инспекциските служби итно да излезат на терен, да утврдат дали има материјална штета и да ги казни сторителите - велат загрижените граѓани.

Реакциите содржат и барање за поставување јасни правила, предупредувачки табли и редовни патфоли со цел заштита на култниот мавровски храм.


Фото: Фејсбук

ad
Слично

Поврзани вести