Тешка несреќа во Унгарија – полски автобус се лизна од патот, дванаесет мртви
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус се лизна од автопатот М3 во Унгарија во текот на ноќта, објави утрово унгарскиот премиер Петер Маѓар.
Автобусот се лизна во канал и се преврте рано наутро во недела, во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ.
Buszbaleset az M3-ason Mezőkeresztesnél: többen meghaltak https://t.co/zPpXDDRYKw
— Vadhajtások.hu (@VadhajtasokHu) August 16, 2026
Спасувачките служби извлекоа 35 повредени лица од автобусот.
Според унгарските медиуми, во туристичкиот автобус имало 57 патници и двајца возачи.
Фото: Принтскрин/Икс
Слично
