21-годишен мотоциклист загина во судир со автомобил во Бутел
Дваесет и едногодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случила на улицата „Радишанска“ во Скопје.
Несреќата во СВР Скопје била пријавена во 12.12 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во судирот учествувале автомобил „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управуван од С.Б. на возраст од 46 години, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 21-годишниот Н.М. од Скопско.
Младиот мотоциклист починал на местото на несреќата.
Полициски екипи вршат увид, по што треба да бидат утврдени причините и околностите под кои се случила несреќата.
Слично
