Али Ахмети: Очекувам Артан Груби да излезе од домашен притвор
Ако не добие обвинение, Артан Груби за десетина дена ќе излезе од домашен притвор во случајот „Лотарија“, а претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека побарал од поранешниот прв вицепремиер да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност за каква било злоупотреба на довербата.
Ахмети нагласи дека бара вистинска и неселективна правда, надевајќи се дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи.
„Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Северна Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: „Ако си ја злоупотребил мојата доверба, ќе одговараш“. Тој се заколна дека ќе работи чесно. И единствениот збор што ми го кажа беше: „Работев чесно“.
И јавно побарав и вршев притисок врз локалната политика да го пуштат да излезе и да одговори. Но, не селективна правда, туку сакам вистинска правда. И мислам дека работите одат добро, првото нешто е да се ослободи од домашен притвор и да видиме како ќе продолжи“, рече Ахмети.
