ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Америка во „роботска војна" со Кина, како ќе одговори Европа

Америка во „роботска војна" со Кина, како ќе одговори Европа

САД воведоа нова драстична мерка и ја обновија трговската војна со Кина, откако воведоа целосна забрана за увоз на роботи кои не се произведени во Америка. Оваа забрана ќе важи за сите роботизирани производи кои сами се движат, имаат сензори за анализа на околината, безжично се поврзуваат на интернет, работат со смарт софтвер и собираат податоци. Тоа значи дека со забраната се опфатени од робот- правосмукалка до напредни хуманоидни роботи, потег што ја разгневи Кина, но како ќе одговори Европа која исто така е зависна од кинеските роботи во речиси сите потрошувачки и индустриски сектори. 

Американската комисија за трговија како главни причини за забраната ги наведе грижите за националната безбедност, бидејќи наводно роботите произведени во Кина може да собираат чувствителни податоци кои потоа може да се злоупотребат. 

Кина секако ги негираше ваквите наводи и најави дека ќе воведе возвратни мерки иако забраната не се однесува само на Кина, но разбирливо е дека кинеската економија ќе биде најпогодена. Кинеските производители целосно го презедоа пазарот на роботи во домаќинството, потрошувачката и индустријата. 

Исклучок од забраната ќе бидат одредени брендови и производители кои ќе побараат одобрение од Американската комисија за трговија пришто ќе треба да ги наведат услови под кои роботите се произведени, тестирани и дали во тие процеси има влијание кое може да ја загрози националната безбедност на САД. 

Европа веќе имаше неколку епизоди на трговски војни со Кина, фокусирани пред се на индустријата за електрични возило за заштита на европската автомобилска индустрија под налетот на кинеските брендови кои го освојуваат пазарот. 

Засега Европа нема таков приоритет, особено е во индустријата на бела техника за производство на роботизирани правосмукалки, косилки, готвачи и слични уреди, бидејќи и онака повеќе европски брендови беа преземени од кинески компании. 

Кинеските компании имаат пазарен удел од околу 70 отсто во сегментот роботи за домашна употреба, и околу 54 отсто од инсталираните индустриски роботи.

Американската забрана се води исклучиво од преносната дека роботите треба да бидат произведени со удел на американски компании и капитал, додека грижите за заштита на приватноста и стандардите за сајбер-безбедност се споредни. 

Исто така администрацијата на Доналд Трамп не ги забрани роботите во авијацијата, медицината, индустриските роботски раце, подводните роботи за одржување и други намени. Сепак, забраната е доволно широка и најмногу ќе бидат погодени крајните потрошувачи. 

Додека САД прави обиди да го намали влијанието и изложеноста на странска технологија, Европа повеќе е фокусирана на регулирање на пазарот преку заштитни механизми за примената на вештачката интелигенција и стандарди за сајбер-безбедност на кои треба да се прилагодат странските увозници.

САД исто така сака да го спречи напредокот на Кина на полето на вештачката интелигенција каде чувствува голем притисок и можна конкуренција во доминантноста. Американските ВИ модели се покажа како понапредни, но кинеската роботика сѐ повеќе се усовршува што ја засилува оваа технолошка трка за примат на пазарот и геополитичкото влијание.

Европа која технолошки заостанува повеќе не може да фати таков вид на приклучок на глобалните сили и конкуренти и затоа се фокусира на заштита на крајниот корисник, но и домашното општество од нефер трговски практики, злоупотреби на приватноста и податоците, гаранции на користење и сервисирање и долгорочна отчетност на производителите.

Х:С.

ad
Слично

Поврзани вести