ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антонијо Милошоски ќе одржи говор на Мечкин Камен, Африм Гаши „ќе го прескокне“ Илинден и оваа година

Антонијо Милошоски ќе одржи говор на Мечкин Камен, Африм Гаши „ќе го прескокне“ Илинден и оваа година

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за Денот на републиката наместо на Мечкин Камен во Крушево, за втори август ќе патува во Египет.

Собранискиот спикер повторно нема да биде дел од илинденските чествувања . На цемтралната манифестаија во Крушево ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски наместо Гаши. Според информации на ТВ 2,  Гаши бил поканет на конференција во Египет за борба против дискриминација кон исламот и проценил дека тоа е побитно и за државата и за Собранието.

Сепак ова не е првпат собранискиот спикер да не се појави на Илинден , на едно од местата на кое ротира со Претседателката на државата и премиерот . Гаши и лани беше отсутен од одбележувањето на Пелинце, тогаш причината беше здравствена , а во негово име се обрати потпретседателката на Собранието Весна Бендевска. 

Првиот паралемнтарец во 2024 се има појавено само еднаш, во првата година во Скопје и тоа кога манифестацијата се одржа пред законодавниот дом. 

Според годинешнава ротација , во Скопје на споменикот на Методија Андонов Ченто делегацијата ќе ја предводи претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, додека пак премиерот Христијан Мицксоки ќе биде во Пелинце. 


ad
Слично

Поврзани вести