Автомобил удрил осумгодишно девојче во Гостивар, детето е тешко повредено
Осумгодишно девојче е тешко повредено откако било удрено од автомобил во Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена вчера во 21:30 часот на улицата „Марко Симоновски“.
Според информациите од полицијата, патничко возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот А.О. од Гостивар, удрило во осумгодишното девојче.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
Слично
