БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: голем дел од земјата може да биде зафатен од невреме
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град.
Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар...
Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени.
Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За следните денови УХМР најавува повторно стабилизација и топло и суво време. Посочуваат дека само во вторник, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Најавуваат дека минималните температури ќе се движат во интервал од осум до 20 степени, а максималните од 30 до 39 степени.
Фото: Фактор
