ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил уапсен со лисици, а полицајци го тепале во Струга

Бил уапсен со лисици, а полицајци го тепале во Струга

МВР поднесе кривична пријава против полицајците Т.М. и И.Ш за „малтретирање во вршење на службата“ откако во полициската станица во Струга во мај тепале уапсен, кој веќе бил врзан со лисици на рацете.

- Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга и второпријавениот И.Ш., „главен полицаец за вршење увиди на сообраќајни незгоди“ во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга, на 14.05.2026 во просториите на ПС Струга, при спроведување на лице, кое претходно било лишено од слобода, употребиле прекумерна физичка сила над него. Имено, и покрај тоа што лицето било врзано со лисици, пријавените физички го нападнале и го удирлае со раце и нозе, извести МВР.

Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата и суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.


ad
Слично

Поврзани вести