ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борче Марковски се врати во Битола, тврди неговиот адвокат

Борче Марковски се врати во Битола, тврди неговиот адвокат

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул во Белорусија во земјава, Борче Марковски, еден од обвинетите за случајот со РЕК „Битола“ се врати во Македонија, откако пред три дена ја напушти државата преку граничниот премин Табановце кон Србија.

Ова за порталот „СДК.мк“ го соопшти неговиот адвокат Марјан Николоски, посочувајќи дека во јавноста непотребно се кренала фама околу враќањето на пасошот на Марковски, како и за неговото патување во Србија.

„Тој веќе е во Битола, ги заврши обврските во Србија. Не бегаме од судењето. Чекаме да почне и да ги расчистиме работите“, вели адвокатот.

По враќањето на пасошот на обвинетиот за злоупотреби Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече e соучесник во овој процес.

Марковски и седум други лица се осомничени за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.

Судењето, кое првично започна во Основниот суд во Битола, потоа беше префрлено во Основниот суд во Струга, по одлука на Апелацискиот суд во Битола.

Првото рочиште во Струга, закажано за 24 јуни, беше одложено затоа што еден од обвинетите го сменил адвокатот, кој побарал дополнително време за увид во обвинителниот акт.

Новиот обид за почеток на судењето е закажан за 2 септември.

ad
Слично

Поврзани вести