ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНИЦИТЕ ЗАПЛЕНИЈА 64 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: Грчки држајанин носел над 120 илјади, а пријавил само половина (ВИДЕО)

ЦАРИНИЦИТЕ ЗАПЛЕНИЈА 64 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: Грчки држајанин носел над 120 илјади, а пријавил само половина (ВИДЕО)

Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. 
Од Царинската управа посочуваат дека девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд.

- Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени.

Годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари - укажуваат од Царинската управа.

Еве ја нивната објава на социјалните мрежи заедно со фотографии и видео од скриените пари:




ad
Слично

Поврзани вести