ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Цеокупниот државен апарат е еден голем крлеж кој ја цица крвта на граѓаните“: Најчевска со остра критика кон пратениците

„Цеокупниот државен апарат е еден голем крлеж кој ја цица крвта на граѓаните“: Најчевска со остра критика кон пратениците

Ова што го имаме во Македонија не е демократија. Ова е партократија гарнирана со бизнисократија.

Не се судираат различни струи во врска со тоа како да се обезбеди подобро управување на државата во полза на граѓаните, туку различни бизнис интереси облечени во партиска облека.

Ова го посочи професорката Мирјана Најчевска, која важи за општествен критичар, а еден од коментарите го насочи кон вчерашната седница за пратенички прашања, на која не беа поставени прашања бидејќи седницата беше блокирана од пратениците. 

- На Македонија и е потребна стручна влада на спасот која ќе ја извади од затворениот круг во кој се врти веќе неколку децении.

Македонија е по бројот на население и по територијата град-држава и така треба да се димензионира и управувачката структура.

Во моментов цеокупниот државен апарат е еден голем крлеж кој ја цица крвта на граѓаните.

Помалку пратеници, помалку министерства, помалку општини, помалку управни и надзорни одбори, помалку јавно-приватно партнерство, помалку агенции за обезбедување, помалку привилегии, повеќе наставници, повеќе лекари, повеќе пожарникари, повеќе маалски полицајци, повеќе јавен превоз, повеќе социјални станови, поголеми даноци за богатите, поевтина струја и вода и парно за сиромашните, повеќе библиотеки, помалку коцкарници, забрана на лихварските продавници на пари, повеќе култура и уметност и земјоделие и сточарство и туризам и ...

Толку е тешко да ги симнете крлежите од врат? - прашува на крајот од објавата Најчевска. 




ad
Слично

Поврзани вести