ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четиригодишно дете тешко повредено откако било удрено од возило во Гостивар

Четиригодишно дете тешко повредено откако било удрено од возило во Гостивар

Четиригодишно дете од Скопје било тешко повредено во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата „Железничка“ во Гостивар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во детето удрило возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од 35-годишен жител на селото Чегране.

На детето му била укажана лекарска помош, по што било пренесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

ad
Слично

Поврзани вести