ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човекот што се изгоре додека гасеше пожар во пелагониско пуштен на домашно лекување

Човекот што се изгоре додека гасеше пожар во пелагониско пуштен на домашно лекување

Локалниот жител кој беше повреден вчера во обид да ги спаси куќите од пелагониското село Лознани од надоаѓањето на пожарот е испратен на домашно лекување, откако беше пренесен во битолската болница.

- Лицето кое вчера беше однесено на доктор со изгореници на рацете по лекарскиот преглед е пуштено дома бидејки не биле констатирани изгореници за кои е потребен медицински третман, објави Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот во Лознани беше локализиран синоќа по повеќечасовна битка со огнот кој се закануваше да ги зафати и куќите во селото, како и да се прошири во Ивањевци и Новоселани. Во гаснењето беше вклучено локалното население, доброволното друштво „Архангел“ со 20 доброволници, Битолската противпоажрна единица и 4 „пинцгауери“ на Дирекцијата за заштита и спасување.


ad
Слично

Поврзани вести