ДА И ПОМОГНЕМЕ НА МАЛАТА НИНА: времето истекува, без помош може да биде предоцна
Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте.
Лекарите се јасни – нема време за чекање.
Постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува.
Потребни се најмалку 100.000 евра, а значителен дел од сумата сè уште недостасува.
Ова не е обичен апел.
Ова е трка со времето.
Да помогнеме едно мало дете да порасне. Да ѝ дадеме право на живот без болка.
Медиуми, јавност – Ве молиме објавете и споделете.
Секој ден доцнење значи помала шанса за Нина.
Да не дозволиме болката да победи.
Да не дозволиме да биде доцна.
Благодариме на сите кои ќе придонесат за спас на нашата НИНА.
Ова го посочува семејството на малата Нина Димитриевска, особено нејзината мајка Славица Димитриевска, која бара помош за своето девојче и апелира за масовно споделување на објавата за помош, или за донации со цел обезбедување на потребните средства за лекување во САД.
За малата Нина од струмица подолг период се шират апели на социјалните мрежи за помош.
Овој пат нејзиното семејство упати емотивен апел до јавноста, барајќи помош за обезбедување на 100.000 евра неопходни за итната операција во Соединетите Американски Држави.
