Директорот на ТВ Алсат е пронајден починат во близина на ТЦ Мавровка
Долгогодишниот директор на ТВ Алсат, Лирим Хајредини, е пронајден починат во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава порталот „4news.mk“. Според информации на порталот, станува збор за самоубиство. Местото го обезбедувало полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција.
Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат.
Тој имаше видлива улога и во пошироката медиумска индустрија. Во јавни настапи и анализи тој зборувал за финансирањето на медиумите, субвенциите и пазарните услови, а се појавувал и на настани заедно со претставници на други национални телевизии.
Слично
