ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Автопатот Прилеп - Битола се гради забрзано на сметка на Коридор 8 заради изборите

ДУИ: Автопатот Прилеп - Битола се гради забрзано на сметка на Коридор 8 заради изборите

ДУИ денес се огласи во јавноста со реакција дека власта ги пренасочува ресурсите кон изградба на автопатот Прилеп - Битола, ан сметка на тие од Коридор 8 за оваа делница да биде готова до следните парламентарни избори.

„Новите информации што се појавуваат за најголемиот инфраструктурен проект во земјата, Коридорите 8 и 10Д, се крајно алармантни.

Според информациите што ги имаме, на терен се работи со сооднос од речиси 4 на 1 во корист на Коридорот 10Д, Прилеп-Битола, додека механизацијата, работната сила и динамиката на имплементација се префрлени на штета на Коридорот 8.

И двата сегмента се дел од истиот проект што го обезбедивме со Бехтел-Енка. Денес, Владата во пракса го менува приоритетот на проектот.

Поради политичката наредба Коридорот 10Д да биде завршен до следните избори напролет, за да може владата да го користи како изборен проект.

Доколку ова се потврди, се работи за сериозен скандал: парите, работниците и механизацијата на државен проект се ориентираат според изборниот календар на владејачките партии.

Но, прашањето е уште посериозно.

Коридорот 8 е стратешки коридор на НАТО, дел од врската исток-запад од Јадранското Море до Црното Море и југоисточното крило на Алијансата. Секое намерно одложување на овој коридор има последици што одат многу подалеку од домашната политика“, реагира ДУИ.

Според Интегративците, ова е изборна злоупотреба на проект вреден повеќе од милијарда евра и бараат одговор на тоа колку работници, колку механизација и колку финансиски ресурси се моментално ангажирани на Коридорот 10Д (Прилеп - Битола) и колку во Коридорот 8? 


ad
Слично

Поврзани вести