ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Ниту еден албански функционер не водел владина седница

ДУИ: Ниту еден албански функционер не водел владина седница

ДУИ реагира преку соопштение за јавноста дека ниту еден од првите албански заменици-премиери во актуелната Влада не претседавал со седница на Владата од јуни 2024 година до денес.

Според ДУИ, Изет Меџити, Беким Сали и Арбен Фетаи досега немале претседавано со ниту една владина седница.

„Вкупно: нула“, наведуваат од партијата.

Од ДУИ оценуваат дека ова, според нив, покажува каква е реалната политичка тежина на Албанците во актуелната Влада.

„Функцијата може да се нарекува ‘прв заменик-премиер’, може да има канцеларија, кабинет, службено возило и протокол, но ако повеќе од две години не ти е доверено раководењето со ниту една единствена седница на Владата, тогаш легитимно е да се постави прашањето: што е ‘прво’ во оваа функција?“, се наведува во соопштението.

Од партијата сметаат дека во претходните влади функцијата на замениците-премиери претставувала реален политички и институционален механизам на заедничко управување, додека денес, како што велат, е „сведена на декор“.

ДУИ оценува дека суштинското прашање не е колку функции имаат претставниците на Албанците во Владата, туку колкава одлучувачка моќ имаат.

„Бројката е немилосрдна: 0 претседавани седници со 0 одлучувачка моќ“, заклучуваат од ДУИ.


ad
Слично

Поврзани вести