ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба

Двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба

Двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба, a уште тројца се под сомнение. 

„Двајца од седумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со потврдена западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација“, изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

Пациентите се на возраст од 76 и 66 години и се лекуваат на Одделот за интензивна нега. Дополнително, за уште тројца пациенти примени со дијагноза акутно воспаление на мозокот и мозочната обвивка се чекаат лабораториски резултати од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали се заразени со вирусот на западен нил.

Цана посочи дека сите седум пациенти се од неколку скопски населби, а само еден од нив неодамна престојувал во Грција. И тројцата пациенти за кои се чекаат резултатите исто така се од Скопје.

Шеесет и шестгодишниот пациент бил примен на Клиниката на 26 јули, а поради влошување на здравствената состојба бил интубиран и ставен на механичка вентилација. Цана додаде дека тој не патувал надвор од државата и има повеќе придружни заболувања.

Утрово, во раните утрински часови, се спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Општина Брвеница ги информира граѓаните дека на 30 и 31 јули 2026 година ќе се спроведе теристичка адултицидна дезинсекција против комарци на целата територија на општината. Општина Пробиштип исто прскаше против комарци деновиве. 

фото МИА

ad
Слично

Поврзани вести