ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две тинејџерки во Охрид со „СУП“ даски биле однесени од ветерот, ги спасувала полиција

Две тинејџерки во Охрид со „СУП“ даски биле однесени од ветерот, ги спасувала полиција

Синоќа две огриѓанки со „СУП“ даски биле спасувани од полицијата откако ветерот ги оддалечил од брегот на Охридското езеро.

Пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. 

„Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош.

Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за Е.С.(19) и И.А.(18), двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот. Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција“информира СВР Охрид.


Од езерската полиција упатуваат апел до сите капачи и корисници на „Суп“ даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки.

ad
Слично

Поврзани вести