ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Пожарот кај Велес се шири кон патот за Штип

ДЗС: Пожарот кај Велес се шири кон патот за Штип

По дејството на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од селото Чалошево, а и епипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во Велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС).

„Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штаб за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби. Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен“, велат од ДЗС.

Инаку, во државата има и други пожари, од коишто до 18 часот, во ЦУК се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, при што aктивни се 4 пожари, под целосна контрола нема, а изгаснати се 5 пoжари.

фото принтскрин

ad
Слично

Поврзани вести