Експлозивот бил завиткан како подарок, а уште две лица починаа од повредите во Москва
Уште двајца починаа од повредите во ресторан во Москва .
Бројот на жртви од експлозијата во ресторанот „Балзи Роси“ на плоштадот Кудрински во центарот на Москва се искачи на пет, откако двајца повредени починаа во болница. Повеќе од шестмина се во тешка состојба, објавија светските медиуми.
Рускиот национален антитерористички комитет претходно објави дека има три жртви. Има и над 20 повредени. Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка под сомнение за терористички напад.
Експлозивната направа била скриена во кутија што личела на подарок, а е активирана од далечина.
Истражителите веруваат дека жената што го донела пакетот можеби не знаела што има во него.
Руските власти сè уште не го објавиле официјалниот мотив за нападот.
Некои руски медиуми и канали на Телеграм шпекулираат дека целта на експлозијата можеби била приватна прослава на 55-тиот роденден на Александар Чаик, командант на руските воздухопловни сили.
фото принтскрин
