ЕВЕ КАКВА ЕСЕН НЕ ОЧЕКУВА - синоптичарите најавуваат повеќе дожд, но и потопло од вообичаеното
Потопла есен за два до три степени најавуваат синоптичарите и посочуваат дека можни се пообилни врнежи низ Европа и опасност од поплави.
- Сезонските изгледи на Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF модел) укажуваат на тоа дека есента 2026 во најголем дел од Европа ќе биде значително потопла од просекот (дури и за 2 до 3 степени потопла од повеќе годишниот просек).
Врнежите пак во голем дел од Европа е бидат значително над просекот, а тоа значи дека голем дел од Европа во текот на есента би можел да се соочи со големи временски непогоди и со опасност од поплави - објави Славчо Поповски, метеопрогнозер.
Според него исто така и Балканот, вклучувајќи ја и Македонија очекува топла есен со температури над просекот за есенските месеци (односно температурите ќе бидат за околу 2 степени повисоки од повеќе годишниот просек).
- Врнежите исто така ширум Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе бидат над просекот, односно очекувам повеќе врнежи во текот на есента и во нашиот дел од Европа, а постои поголема веројатност и за појава на временски непогоди и за локални поплави.
Токму ваквата ситуација е поради силното влијание на климатолошкиот и топол феномен (ЕЛ НИЊО) кој како што кажав силно влијае на времето над Европскиот Континент. Силното влијание на ЕЛ НИЊО ќе продолжи и во текот на есенските месеци - појаснува Поповски.
Сепак, тој додава дека поради тоа што се работи за сезонски изгледи на времето за есента 2026, промени и одстапувања во прогнозата се можни.
