ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гостивар четврта недела e без вода за пиење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гостивар четврта недела e без вода за пиење

ГОСТИВАР ЧЕТВРТА НЕДЕЛА Е БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Гостивар веќе  четврта недела е со ограничување на користењето на водата од градскиот водовод за пиење, додека граѓаните и понатаму се снабдуваат со флаширана вода.

Кризата почна откако граѓани пријавија здравствени проблеми, а институциите отворија постапки за испитување на квалитетот на водата. Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење поради сомневање дека е небезбедна, а случајот го истражуваат и надлежните органи. 

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ЗА ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ГРУЕВСКИ ЗА „ТАЛИР 2“

Од ОЈО велат дека за случајот „Талир 2“, надлежен јавен обвинител ја прими првостепената пресуда и вложи жалба. 

Основниот Кривичен суд Скопје минатиот месец го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2", за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. 

Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. 

ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ ПРОТЕСТИРАА

Пациентите на онкологија денес протестираа пред Министерството за здравство, по доцнењето на терапијата. Тие велат дека без оглед на тоа кој е на власт, овие пациенти се во „постојана неизвесност“. Според информациите од демонстрантите, дел од терапијата од вчера пристигнала, додека дел од терапијата се очекува да пристигне во наредните денови. 

Нагласуваат дека за разлика од претходните пати, овој пат недостасувал и дел од терапијата што е на позитивната листа. Ана Марјановиќ од организацијата ХЕМА-ОНКО.рече дека главно недостасуваат лекови како што се Zoladex, Fulvestrant и Xgeva.

ЌЕ ИМА 3.000 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ

Во  учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња. 

ДАНИЛОВСКИ СОВЕТУВА КАКО ЛУЃЕТО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА

Eпидемиологот д-р Драган Даниловски вели дека доколку правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизираат ризиците од западнонилска треска, но и од други болести што се пренесуваат преку комарците. 

Поради тоа што тигрестиот комарец се размножува и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат застоена вода околу домовите.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Јадеме повеќе домати, а произведуваме повеќе пиперки. Македонските граѓани јадат поголеми количини на домати за разлика од количината на пиперки. Но, кај производството е обратно, односно произведуваат поголеми количини пиперки. 

Градежната компанија „Гранит“ АД Скопје оствари извонредни позитивни финансиски резултати во периодот од јануари до јуни 2026 година, покажуваат неревидирани единечни финансиски извештаи објавени на берза. 

АД ЕСМ за кратко време направи нова, трета набавка на јаглен од надворешен добавувач, за потребите на термоцентралата кај Битола. Со склучен договор на 21 јули биле купени 150.000 тони јаглен од Протергиа Енерџи..

foto freepik.com

ad
Слично

Поврзани вести