ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гостивар e без вода за пиење, a oпозицијата поднесе кривична пријава против Клековски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гостивар e без вода за пиење, a oпозицијата поднесе кривична пријава против Клековски

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ КЛЕКОВСКИ

Опозициската СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, Директорот на државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на центарот за јавно здравје Шпенди Амери, поради, како што наведуваат, системски пропусти и непостапување во врска со загадената вода во Гостивар.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак го повикаа обвинителството да истражи зошто како што тврдат во времето на СДСМ се молчело за неисправноста на водата.

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СКАРАА И ЗА ЗНАМЕТО КОЕ СЕ КОРИСТЕШЕ НА ПРОСЛАВАТА ВО ОХРИД

Во Охрид синоќа, на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, организиран по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија, но на сцената македонското знаме наместо осум имаше 12 краци.

На дел од сценографијата и визуелните елементи беше прикажан симбол кој потсетува на македонското државно знаме, но сонцето има повеќе зраци од оние на официјалното знаме. Охрид е почетната точка на турнејата која треба да посети 11 македонски градови, а завршниот настан е најавен во Скопје на 4 септември.

ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ 

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на нафтените производи, со одлука што ќе стапи на сила од 00:01 часот на 11 август 2026 година.

Промените се:

-Бензин Еуросупер 95: се намалува за 4 денари/литар → 87 денари/литар

-Бензин Еуросупер 98: се намалува за 4 денари/литар → 89 денари/литар

-Еуродизел: се намалува за 8 денари/литар → 91,50 денари/литар

-Екстра лесно масло EL-1: се намалува за 6 денари/литар → 92,50 денари/литар

-Мазут М-1 НС: се намалува за 2.881 денари/кг → 43.538 денари/кг

СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПАК ПРОТЕСТИРАА

Земјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест, незадоволни од откупната цена на црвената пиперка позната како „ајварка“, која најчесто се користи за подготовка на ајвар.

Како што објави „Струмица Денес“, производителите бараат повисока откупна цена, посочувајќи дека сегашните услови не ги покриваат вложувањата и трошоците за производство.

КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ КОЛУМБИЈА

Силниот земјотрес што денеска ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела.

Претседателот рече дека најмалку 87 лица се повредени, а 61 зграда се урнала, вклучувајќи 37 станбени згради.

„Прв приоритет е да се спасат луѓето заробени под урнатините“, кажа тој.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Една од нашите најистакнати компании во областа на прехрамбената индустрија „ПИ Кристал 1923 АД Велес“ ги заврши првите шест месеци од годинава со негативен финансиски резултат, покажува последниот финансиски извештај објавен на Македонска берза.

Дрворедите се неопходна зелена инфраструктура за климатски отпорни градови, велат од Центарот за климатски промени и додаваат дека постојат неколку видови на дрвја кои може да се засадат во Македонија и да го дадат посакуваниот ефект. 

Владата со издадена државна гаранција на седница на 4 август му одобри на јавното претпријатие „Државни патишта“ да се задолжи уште 40 милиони ерва кај Комерцијална банка и кај Халк банка преку синдициран кредит.

„Тинекс“, според информациите до кои дојде „Фактор“, во иднина ќе ги води своите маркети во партнерски договор со косовската компанија „Интерекс“.

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести