ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има реакции откако Владата го именуваше Фетаи за специјален пратеник на Македонија за ЕУ
ИМА РЕАКЦИИ ОТКАКО ВЛАДАТА ГО ИМЕНУВАШЕ ФЕТАИ ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ
Владата не смее да молчи кога станува збор за народните пари, истакнува пратенилчката и лидерка на ЛДП, Монија Зајкова, која објави дека поднела прашање колку пари му се исплатени на поранешниот вицепремиер за добро владеење додека не одел на работа. Воедно укажа и дека ЛДП како партија ќе бара институционална одговорност.
- Денес поднесов пратеничко прашање: колку точно пари се исплатени на Арбен Фетаи додека самиот јавно призна дека не одел на работа, кој ја одобрил таа исплата и кој ќе сноси одговорност?Професорката Мирајна Најчевска, која важи за остар критичар на случувањата во земајва, утрово преку социјалните мрежи се осврна на поставувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи за нов специјален пратеник за ЕУ.
ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА
Двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба, a уште тројца се под сомнение.
„Двајца од седумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со потврдена западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација“, изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.
Пациентите се на возраст од 76 и 66 години и се лекуваат на Одделот за интензивна нега. Дополнително, за уште тројца пациенти примени со дијагноза акутно воспаление на мозокот и мозочната обвивка се чекаат лабораториски резултати од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали се заразени со вирусот на западен нил.БОРЧЕ МАРКОВСКИ ОТИШОЛ ВО СРБИЈА ОТКАКО МУ Е ВРАТЕН ПАСОШОТ
По објавите во медиумите дека битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“, ја напуштил земајва, откако пртходно му бил вратен пасошот, со објаснување се јави Основното јавно обвинителство.
- Во конкретниот случај, барањето за укинување на дополнителните мерки за претпазливост изречени при определувањето на гаранцијата е поднесено од одбраната на обвинетиот.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06.2026 година даде негативно мислење за прифаќање на ова барање.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во текот на минатата година од Фондот за здравствено осигурување за исплата на боледување биле потрошени вкупно 27,6 милиони евра, покажува извештајот на ФЗО за 2025. Сумите растат се повеќе од година в година. Во 2024 се потрошиле 22,6 милиони евра, а во 2023 за исплата на боледувања трошокот изнесувал 19 милиони евра.
