ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе имаме топлотен бран, а Владата прогласи кризна состојба поради опасност од пожари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе имаме топлотен бран, а Владата прогласи кризна состојба поради опасност од пожари

ЌЕ ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ

Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август. 

Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно вода и минерални безалкохолни пијалаци без да се чека да се почувствува жед, да се избегнува алкохол, пијалаци што содржат кофеин и такви кои се многу студени, се дел од препораките за заштита од топлото време кои денеска на својата веб страница ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) поради најавата од Управата за хидромететоролошки работи (УХМР) за очекувани високи максимални дневни температури од утре (1 август) до 7 август.

Ранливите групи кои ги опфаќаат лицата над 60 години, бремени жени, деца, социјално ранливи, работници на отворено, како и тие со хронични заболувања (кардиоваскуларни болести, невролошки, белодробни и бубрежни болести, шеќерна болест, ментални болести, дебелина и лица под терапија која го зголемува мокрењето), потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. 

ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИ

Владата денеска донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година.

Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси. 

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАДАТА НЕМА ДА ГО УКИНЕ ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не најавила укинување на вториот пензиски столб, откако во јавноста се отвори дебата за евентуално префрлање на средствата од приватните пензиски фондови во државниот фонд.

Одговарајќи на новинарско прашање за реакциите на пензиските друштва и за можните последици од таквата одлука, Мицкоски рече дека може да зборува единствено за ставот на Владата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонија ќе воспоставува нов, строго контролиран механизам за филтрирање на странските капитални вложувања со цел примарно да ги заштити националната безбедност, јавниот ред и своите стратешки интереси.

Ја прашавме вештачката интелигенција кои македонски градови се најлоши за живот за младите, при што добивме одговор дека тоа се малите градови со висок степен на депопулација како Македонски Брод, Делчево, Берово, Кратово, но и Тетово е наведен како лош град за младите поради еколошките проблеми, загадувањето, хаосот во сообраќајот.

Комерцијална банка АД Скопје во првите шест месеци од 2026 година оствари позитивен финансиски резултат од 2,798 милијарди денари или околу 45,5 милиони евра, покажуваат финансиските извештаи на банката. 

АД ЕСМ во изминатите два месеци во рамки на системот на отворен повик купил уште 200.000 тони јаглен за потребите на термоцентралата во Новаци - РЕК Битола.  На 4 јуни одбран е добавувач за 100.000 тони јаглен, а потоа е избрана фирма која треба да донесе уште толку јаглен а при тоа за првпат во досегашните набавки.се споменала минатата година. Во медиумите пишувало дека Енерџи Макс веќе имал еден договор во 2025 за набавка на 150.000 тони за 7,8 милиони евра.

Градежната компанија „Ленди груп“ од Скопје првпат се најде меѓу 20-те понудувачи со најголема вредност на склучени договори за јавни набавки во земјава.

foto printskrin youtube DZS

ad
Слично

Поврзани вести