ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Клековски најави резултати од анализите во Гостивар до 20 август

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Клековски најави резултати од анализите во Гостивар до 20 август

ДО 20-ТИ МЕСЕЦОВ ЌЕ ИМА РЕЗУЛТАТИ ОД АНАЛИЗИТЕ НА ВОДАТА  ВО ГОСТИВАР

Mинистерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. Вели дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира.

Клековски, гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“, рече дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален.

„Бројот на првојавени пациенти се движеше од 40 до 80 овие неколку дена. Нормалната предепидемиска појава на стомачни проблеми со дијареа и повраќање се движи меѓу 25 и 100“, изјави Клековски.

ЗАРАЗЕНИТЕ СО ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА СЕ ОД ДВА ГРАДА

Најголем дел од пациентите сo западнонилска треска се од Скопскиот регион и Велес.

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека веќе се направени вонредни прскања, а проверени е дали општините ги направиле планираните редовни прскања против комарци. 

„Епидемиолошки властите постапија како што е соодветно. Направени се вонредни прскања на 200 метри околу живеалиштата на регистрираните пациенти, во Драчево каде што има пет потврдени случаи направено е прскање од земја, кое е поефективно отколку авионското прскање“, рече Клековски во интервју за ТВ Канал 5. 

„КОЖУВЧАНКА“ ГИ ДЕМАНТИРА СДСМ ЗА ОБВИНУВАЊАТА ЗА ЦЕНАТА НА ШИШИЊАТА ВОДА

Од  „Кожувчанка“ велат дека како општествено одговорна компанија, ги отфрлаат обвинувањата на СДСМ.

„Во име на вистината, тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија „Кожувчанка“ од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот, која изнесува 25 денари. Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија. „Кожувчанка“ гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општина Гостивар, а сè со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа им е најпотребно. Уверени сме дека во вакви околности најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна“, велат од компанијата. 

КРИВИЧНА ДОБИ СОПСТВЕНИК НА ФИРМА ЗА НЕПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Поднесена е кривична пријава против жител на струшкото село Мислодежда С.М. (53) поради крадење на дрва, но и поради непреземени мерки за зашитата при работа. 

Имено, откако во април за време на работните активности бил повреден и починал скопјанецот Р.Д. на 46 годишна возраст во болницата во Струга, преземени се повеќе мерки за разоткривање на деталите од оваа трагедија. 

Како што објави ОВР Струга поднесена е кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.   

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Една од поуспешните македонски компании и најголем експлоататор на мермер во земјава од почетокот на годината не покажува исти достигнувања како минатата година.

Регулаторната комисија за енергетика за прв пат во својот годишен извештај за 2025 ја рангираше ОКТА меѓу најголемите продавачи на горива на мало, односно на бензинските пумпи низ земјата, а таму убедливо најголемиот увозник на нафтени деривати го зазеде 5 место.

Трагедијата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, откривањето 580 парчиња муниција во автобус на Табановце и најновиот пожар во автобус на автопатот Тетово–Гостивар го вратија „Дурмо турс“ во центарот на вниманието.

Македонските власти се необично тивки по ставањето на црна листа на македонските државјани Ваљон Беља и Бекир Халими во Албанија, која ги прогласи за непожелни личности (personae non gratae).

Фото: Фонд за здравствено осигурување

ad
Слично

Поврзани вести