ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија го слави Илинден, претседателката порача дека никој нема право да ја ревидира нашата историја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија го слави Илинден, претседателката порача дека никој нема право да ја ревидира нашата историја

ПОЛИТИЧАРИТЕ УПАТИЈА ПОРАКИ ПО ПОВОД ИЛИНДЕН

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Пелинце порача дека слободата не започува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ.

Вели дека Крушево и АСНОМ не се две различни приказни. 

„Во Крушево се покажа дека народот не престанува да сонува, а во АСНОМ се покажа дека народот знае и да создава“, рече Мицкоски. 

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Скопје порача дека партизаните и асномнците го вградиле антифашизмот како трајна македонска определба. 

Вели дека слободата не беше подарена, туку сами се ослободивме. 

„Никому не му должиме за тешко изборената држава, токму затоа никој нема право да ја ревидира нашата национална историја“, рече претседателката. 

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска од Крушево порача дека Meчкин Камен е местото каде што една мала чета одбрани јунаци застанала против посилниот непријател. 

„Питу Гули и другите знаеја дека силите се побројни, знаеја дека нема да се вратат, да ги видат своите сопруги, деца, родители“, кажа Милошоски. 

Вели дека тоа го сториле од љубов кон татковината и кон семејствата кои ги бранеле.

Делегација предводена од лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска положи цвеќе на споменикот „Слива“. 

Делегација на СДСМ предводена од претседателот, д-р Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положија свежо цвеќе на споменикот „Слива“, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република.

СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СПАСИЈА ЖЕНА И ДЕТЕ ПАДНАТИ ВО ПРОВАЛИЈА

Струмичките пожарникари утрово спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција почнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители е испратен на местото на настанот.

По пристигнувањето, со употреба на специјализирана спасувачка опрема, пожарникарите безбедно ги извлекле мајката и детето од непристапниот терен, по што тие се предадени на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување.

МАЃАР ГИ ПОВИКА УНГАРЦИТЕ ДА ШТЕДАТ СТРУЈА И ВОДА

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска ги повика граѓаните на таа земја од понеделник поодговорно да ја користат електричната енергија и да обрнат посебно внимание на најранливите, бидејќи Унгарија ја очекува најжешките денови со температури до 40 степени Целзиусови.

„Најкритичните пет дена се пред нас. Утре нуклеарната централа Пакш повеќе нема да произведува електрична енергија, а доаѓаат најжешките денови со температури од 40 степени“, рече унгарскиот премиер, предупредувајќи дека електроенергетскиот систем, јавните услуги и граѓаните ќе бидат изложени на големо оптоварување, објавува Index.hu.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

ad
Слично

Поврзани вести