ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надлежните потврдија дека водата во Скопје е безбедна, а неколку лица се повикани во полиција за ширење невистини

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надлежните потврдија дека водата во Скопје е безбедна, а неколку лица се повикани во полиција за ширење невистини

СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОТВРДИ ДЕКА ВОДАТА Е БЕЗБЕДНА

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење, а информациите за присуство на бактерии се лажни и создаваат непотребна паника кај граѓаните, беше соопштено денеска на вонредна прес-конференција на Град Скопје.

За време на прес-конференцијата, градоначалникот побара да му донесат чаша вода директно од чешма и се напи пред присутните новинари.

„Сакам јас да се напијам пред вас и да знаете дека во Скопје водата е безбедна и дека скопјани пијат безбедна вода. Еве, ова е обична вода од чешма. Да знаат скопјани дека имаме најдобра вода, најквалитетна вода и дека и јас и моето семејство, и мојот 8 и пол годишен син ја пиеме оваа вода“, рече тој.

Од лабораторијата на ЈП „Водовод и канализација“ информираа дека секојдневно се земаат примероци од 36 локации низ Скопје.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли.

Муцунски вечерва во гостување на „Сител“ рече дека мора да има одговорност за раширената паника.

ЕПИДЕМИЈА НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Е ПРОГЛАСЕНА ВО ЧЕТИРИ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во три скопски општини – Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, како и во приградската Илинден.

Според здравствените власти, од почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се суспектни. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои пет се во тешка состојба. Најголем дел од заболените се пензионери.

Еден заболен пациент почина. Тој имал 83 година и според здравствените власти имал повеќе коморбидитети. Пет пациенти кои се примени на Инфективната клиника се во критична состојба и се на механичка вентилација.

БЕЗ ДОЗВОЛА „ПУЛС“ БИЛ ПРЕНАМЕНЕТ ВО ДИСКОТЕКА

Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс" не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност, додека од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко планирање и градење - изјави вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ, денеска во судницата во „Идризово“ на судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. 

Обвинителот Дарко Јакимовски, на почетокот посочи дека градежното вештачење е составено од повеќе области и денеска се продолжува со аспекти поврзани со урбанизмот и сослушување на вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ, член на тимот што учествувал во изработка на градежното вештачење. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пресврт во работењето на Акционерското друштво Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје од почетокот на годината. За разлика од лани, оваа година компанијата се соочува со сериозни финансиски предизвици и драстичен пад во своето работење.

Еден од основачите на пекарскиот бренд „Силбо“, Боби Милев, го презеде управувањето на најголемото друштво во земјата што ги спроведува теоретските и практичните испити за идни возачи.

Македонската политика со години беше затворена за „хоризонтите на исток“, строго повторувајќи ја мантрата дека било какви односи со Кина и други светски сили значи антизападно поведение кое стратешки скапо ќе ја чини земјата.

Земјоделците се трудат колку што можат да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран. Тие наутро во 5 или во 6 часот одат да работат на нивите, а во 10 часот се прибираат дома за да ги избегнат жештините и да не се изложуваат додека УВ индексот е висок. 

ad
Слично

Поврзани вести