ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР
МВР И ФЗО ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи(МВР) и Фондот за здравствено осигурување(ФЗО) информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.
Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.
„По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.АХМЕТИ ОЧЕКУВА ГРУБИ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР
Ако не добие обвинение, Артан Груби за десетина дена ќе излезе од домашен притвор во случајот „Лотарија“, а претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека побарал од поранешниот прв вицепремиер да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност за каква било злоупотреба на довербата.
Ахмети нагласи дека бара вистинска и неселективна правда, надевајќи се дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи.
„Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Северна Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: „Ако си ја злоупотребил мојата доверба, ќе одговараш“. Тој се заколна дека ќе работи чесно. И единствениот збор што ми го кажа беше: „Работев чесно“.НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА САМОСТОЈНО ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ТРАНСПОРТЕРИТЕ
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе како што додава имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија.
„Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи“, истакна министерот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
