ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Народниот правобранител бара гостиварци да не плаќаат за небезбедната вода

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Народниот правобранител бара гостиварци да не плаќаат за небезбедната вода

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции.

Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно здравје.

„Во текот на вчерашниот ден добиени се писмени информации од нивна страна. Меѓутоа, истите не се целосни, бидејќи не ги содржат сите релевантни податоци и околности во врска со проблемот за загадувањето на водата. Од тие причини, Народниот правобранител ќе се обрати и до други надлежни институции, со цел да се добијат конкретни информации“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

МАКЕДОНЕЦ КОЈ СЕ ПОВРЕДИЛ ВО ТУРЦИЈА ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕН СО ВЛАДИН АВИОН

Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. 

По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава.

ГАШИ РАСПИША ПРЕДВРЕМЕНИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ЗА БРВЕНИЦА

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес распиша предвремени локални избори во Брвеница откако во јуни ненадејно почина градоначалникот Јовица Илиевски. Локалните избори ќе се одржат на 18 октомври.

- Денес, во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, ја потпишав одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Мал е бројот на земји кои се во полоша позиција од Македонија ако се гледа стапката на вработеност, а голем е бројот на оние држави кои можат да се пофалат со висока стапка. Според податоците од Евростат за 2025 година, полоши од Македонија се само Босна и Херцеговина(БиХ) и Турција.

Нафтената компанија ОКТА оствари силен раст и на приходите, профитабилноста и оперативните показатели, поддржан од зголемената комерцијална активност, подобрувањата во синџирот на снабдување и повисокиот обем на продажба.

Приходите на Агенцијата за управување со одземен имот во 2025 година пораснале за речиси 90 отсто во споредба со претходната година. Лани биле реализирани околу 2,62 милиони евра, додека во 2024 година изнесувале околу 1,38 милиони евра.

„Тинекс-МТ“ пред две недели основаше фирма-ќерка под името „Тинекс Маркети“ со истата дејност „Неспецијализирана продажба на мало“, а потоа во новото друштво ги пренесе своите маркети како регистрирани подружници.

foto pixabay

ad
Слично

Поврзани вести