ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО поднесе обвинение против Артан Груби и другите инволвирани за „Државна лотарија“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО поднесе обвинение против Артан Груби и другите инволвирани за „Државна лотарија“

ОЈО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ АРТАН ГРУБИ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица за злоупотреби во случајот „Државна лотарија“. Штетата е 507.632.173 денари, објави ОЈО.

Побарана е мерка притвор од 30 дена за поранешниот директор Перпарим Бајрами кој е во бегство, додека за поранешниот вицепремиер Артан Груби е предложено продолжување на мерката куќен притвор. Останатите обвинети имаат обврска да се јавуваат повремено во Судот, привремено им е одземена патната или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

ПОЖАРИ ИМА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Огнот се спушти до првите куќи во село Лознани, Општина Могила. 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов вели дека благодарение на битолските пожарникари и неколку селани е спречена катастрофа. 

Кажа дека линијата на пожарот е долга 8 километри. 

ВО ПОЛИЦИЈА СЕ ПОВИКАНИ 13 ЛИЦА ЗА ШИРЕЊЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА ВОДАТА ВО СКОПЈЕ

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје.

Министерството за внатрешни работи(МВР) ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор.

МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ВО КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН 

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики. 

Пожарот што денеска избувна на Халкидики предизвика евакуација на туристи и жители од погодените подрачја, а меѓу оние кои побарале информации и помош се и македонски државјани.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат дека до дипломатско-конзуларното претставништво во Солун телефонски се обратиле македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја. На граѓаните им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Visual Capitalist ја рангира Македонија на петтото место, како држава која брзо го губи населението. Пред нашата земја се Косово, Сент Мартин, Маршалските Острови и Молдавија.

На веб страната на Агенцијата за администрација осамнаа нови огласи со кои се бараат работници за неколку различни државни институции. Меѓу нив има четири огласи од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Салаудин Арифи, бизнисменот од Кичево, му ја отстапи фирмата која поседува 10 отсто од акциите на ЗИК Пелагонија на семејството Панделески.

Пред четири дена до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација со која Проекс Интернационал Л.Л.Ц. од Приштина има намера да стекнe контрола врз „Тинекс Маркет“. 

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период.

ad
Слично

Поврзани вести