ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопјанец заразен со западно-нилска треска е на респиратор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопјанец заразен со западно-нилска треска е на респиратор

СКОПЈАНЕЦ ЗАРАЗЕН СО ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА

Регистриран е прв потежок случај на западно-нилска треска во Македонија.

Станува збор за повозрасен пациент. Тој има воспаление на мозокот и е приклучен на респиратор. Седумдесет и шестгодишниот скопјанец кој не патувал надвор од државата, заразен е од домашен заразен комарец.

„За жал, 76-годишен пациент е потешко болен и се наоѓа во центарот за интензивна нега. Пациентот е на респираторна поддршка затоа што кај него е покритична состојбата. Останатите пациенти се стабилни и се префрлени во Одделот за невроинфекции“, изјави директорот на Инфективната клиника Фадил Цана.

ВОДАТА ВО ГОСТИВАР УШТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПИЕ

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци. Ова денеска го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија.

- Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба без третман, додека кај петтата категорија со ниту еден третман не може да ја оспособите за каква било употреба, вклучително и за наводнување во земјоделството. Според експертите за хигиена, вода за употреба е онаа што може да се консумира, односно да се внесе во дигестивниот тракт, вклучително и преку храна, како миење салати, а нетермичка обработка на храна претставува ризик. Се што е надвор од тоа може да се употребува за лична хигиена и за други цели, рече Клековски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата по повод актуелната епидемиолошка состојба.

Toj појасни дека за сите останати намени, како лична хигиена и други технички потреби, водата може да се користи.

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата, со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. 

ВОДАТА ВО КРУШЕВО Е ИСПРАВНА 

Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и водата од крушевскиот водовод може да се употребува за пиење. 

Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување со што е потврдена исправноста на водата во Крушево која сега ги исполнува условите од Правилникот за безбедна вода за пиење. 

Во водата има законски пропишано резидуален хлор.

МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ НЕ ВАЖАТ ВО ИТАЛИЈА

Македонските граѓани се соочуваат со проблеми при користењето и замената на возачките дозволи во Италија. Туристи пријавуваат дека рент-а-кар компании одбиваат да им изнајмат возило само со македонска дозвола, додека иселениците со постојан престој повеќе не можат да ја заменат со италијанска.

Неколку македонски туристи кои деновиве престојуваат во Италија биле известени дека за изнајмување автомобил мора да приложат меѓународна возачка дозвола. Вработените во компаниите им објасниле дека добиле нови насоки за клиенти чии дозволи се издадени надвор од Европската Унија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Енергетската трансформација и независност се најавува со години во Македонија, но до каде се досега инвестициите во проектите за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори?

Во обид да ги задржат сезонските работници дури и по летото, многу работодавци на крајбрежјето, особено во Хрватска, Црна Гора и Словенија, ги задржуваат работниците на минимална плата дури и во месеците кога се дома.

ad
Слично

Поврзани вести