ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Гостивар епидемијата се смирува, но водата уште не е за пиење
ВОДАТА ВО ГОСТИВАР УШТЕ НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ
Бројот на граѓани што првпат побарале лекарска помош во Гостивар се намалува, а контролните анализи покажуваат подобрување на квалитетот на водата во градскиот водовод.
Олеснувањето не е исто што и крај на кризата. Сè уште нема официјална потврда дека водата е безбедна за пиење и подготовка на храна. Додека таква одлука не донесе надлежниот Управувачки комитет, граѓаните мора да се придржуваат до важечките ограничувања.
МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ КАЈ СВЕТСКА БАНКАСобранието вечерва ги усвои измените на Законот за задолжување на државата кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, како и Законот за задолжување по Програмската рамка за подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација, двата по скратена постапка.
Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, образложувајќи го предлог-законот, посочи дека со него се затвора постојана заемска рамка од 20 милиони евра и се отвора нова од 25 милиони евра, со цел подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација.АРБЕН ФЕТАИ ДОБИ НОВА ФУНКЦИЈА
Арбен Фетаи стана специјален пратеник за Европска Унија. Тој на социјалните мрежи објави дека има нова функција.
„Ново поглавје во служба на евроинтеграциите на земјата. На седницата одржана вчера, Владата на Република Северна Македонија ме назначи за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел. Ова е голема чест, но дефинитивно уште поголема одговорност. Задачата која ми е доверена е да се вклучам во унапредување на процесот на евроинтеграција на нашата земја, зајакнување на политичката поддршка во институциите на ЕУ и земјите членки, придонес кон надминување на политичките и дипломатските предизвици, и да го направам Европски главни градови.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto Gemini
