ФАКТОР НА ДЕНОТ: Водата во Гостивар повторно е за пиење
ВОДАТА ВО ГОСТИВАР ПОВТОРНО Е ЗА ПИЕЊЕ
Водата во Гостивар сега е безбедна за пиење, а неколку функционери денеска се напија вода од чешма во градот.
Тие сакаат да покажат дека водата повторно може слободно да се користи за пиење и секојдневна употреба.
Функционерите порачаа дека здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат приоритет. Инаку, гостиварци со недели беа без чиста вода за пиење, откако голем број граѓани се пожалија на стомачни тегоби и се откри дека во водата имало фекални бактерии. За Скопје имаше шпекулации дека водата е неисправна, по што градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција испи вода од чешма за да докаже дека таа е чиста.
За ширењето дезинформации, полицијата повика на разговор 13 луѓе.
УШТЕ ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКАУште еден човек почина од западнонилската треска на Инфективната клиника. Станува збор за лице на возраст од 72 години.
За една недела, ова е втор смртен случај од западнонилска треска. На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани 24 пациенти, од кои неколкумина се на механичка вентилација.
Пред неколку дена, од вирусот почина 83-годишен маж од Скопје, кој се лекувал на Инфективна. Кај пациентот биле присутни и вкочанетост на вратот и нарушена свест, а била утврдена и клиничка слика на менингитис. Дополнително, кај него биле присутни и други болести.ПРИЛЕПЧАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЖАРНИКАРИ
Инцидент се случил вчера кога прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов вели дека кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат.
Ангелов рече дека граѓаните не треба да ги сметаат пожарникарите за супермени и дека има повеќе причини зошто тие се појавуваат на место каде треба да гасат пожар со задоцнување. Вели дека е можно во исто време да има повеќе пожари, а пожарникарите за да стигнат до местото на пожарот се возат десетина минути, а некогаш и повеќе.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
