Филипче: Поднесуваме интерпелација против Стоилковиќ за насилничко однесување
На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација.
- Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче.
Тој посочи дека однесувањето на Стоилковиќ е недозволиво и дека во демократски институции нема место за насилство и закани.
- Собранието воопшто не се почитува, ниту пак ја врши функцијата така како што треба, рече Филипче.
Тој додаде дека ќе биде поднесена интрепелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш кога ќе почне со работа Собранието.
Слично
