ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче положи цвеќе на споменикот „Слива“: Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина

Филипче положи цвеќе на споменикот „Слива“: Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина

Делегација предводена од лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска положи цвеќе на споменикот „Слива“. 

Делегација на СДСМ предводена од претседателот, д-р Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положија свежо цвеќе на споменикот „Слива“, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република.

Споменикот на месноста Слива е посветен на херојската жртва на македонските востаници кои во 1903 година храбро ја бранеле Крушевската Република и се бореле да го заштитат цивилното население.

„Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите. За Македонија која е дел од европското семејство - слободна, демократска и просперитетна“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. 

Филипче порача дека идеалите на илинденците и денес претставуваат обврска за сите генерации.

ad
Слично

Поврзани вести