ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција ја ограничи потрошувачката на вода

Франција ја ограничи потрошувачката на вода

Скоро 70 проценти од територијата на Франција моментално е под ограничувања за потрошувачка на вода, поради интензивната суша предизвикана од повторените топлотни бранови што ја погодија земјата во последните три месеци, објави денеска Министерството за еколошка транзиција на земјата.

Од вчера, 99 департмани во Франција, односно области од речиси сите градови во таа земја, се барем на прагот на предупредување за потрошувачка на вода, а меѓу нив 67 департмани се во кризна состојба, а 21 се во состојба на зголемена готовност.

Ограничувањата за користење на вода се применуваат, во зависност од нивото на прогласената криза, за наводнување на градини и зелени површини, полнење базени, миење автомобили и наводнување на посевите.

„Додека Франција доживува особено интензивна суша, ефектите од климатските промени продолжуваат да ги влошуваат тензиите околу водните ресурси“, се вели во соопштението.

Сушата создава проблеми и во Италија, каде е загрозено производството на ориз.

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести