Гаши распиша предвремени локални избори во Брвеница
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес распиша предвремени локални избори во Брвеница откако во јуни ненадејно почина градоначалникот Јовица Илиевски. Локалните избори ќе се одржат на 18 октомври.
- Денес, во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, ја потпишав одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите, информира првиот парламентарец.
Слично
