ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна!

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна!

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна. 

„Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија која се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Затоа, сакам најпрво да ги кажеме фактите. Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Истата постои веќе 30 години. Без разлика на тоа, секоја депонија која претставува еколошки проблем треба да биде исчистена. ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје е задолжено да постапи во рамки на своите надлежности, а Град Скопје ќе застане со целосна поддршка за оваа локација да биде расчистена, иако не е на наша територија. Истовремено, сакам јасно и недвосмислено да порачам - водата што ја пијат скопјани е безбедна! Резултатите од секојдневните анализи на водата покажуваат дека таа е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење. Секој ден дополнително се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се испитуваат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Изворот „Рашче“ е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење. Со здравјето на граѓаните нема политика, нема манипулации и нема компромиси. Никогаш нема да премолчам доколку постои каков било ризик по здравјето на скопјани“, пишува градоначалникот. 

Вели дека нема да дозволи со невистини, шпекулации и ширење паника да се создава недоверба таму каде што фактите, анализите и резултатите јасно го покажуваат спротивното.

фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

ad
Слично

Поврзани вести