ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостиварка пријавила адвокат, тврди дека му дала 800 евра за предмет што не постоел

Гостиварка пријавила адвокат, тврди дека му дала 800 евра за предмет што не постоел

Триесет и четиригодишна жена од Гостивар пријавила во полиција дека адвокат од истиот град ја довел во заблуда и од неа зел 800 евра за наводно застапување во предмет за кој подоцна утврдила дека не постои.

Пријавата била поднесена на 4 август во Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Според пријавеното, во текот на јуни годинава жената претходно се консултирала со адвокатот во врска со одредено службено постапување. Тој потоа побарал да му плати 800 евра за наводно застапување по конкретен предмет.

Откако извршила дополнителни проверки, гостиварката утврдила дека предметот за кој ги дала парите воопшто не постоел.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

ad
Слично

Поврзани вести