Хакиран е серверот на Државниот завод за ревизија и од официјалната е-адреса на директорот се испраќаат измамнички пораки
Хакиран е серверот на Државниот завод за ревизија и од официјалната е-адреса на директорот на Заводот, Максим Ацевски, се испраќаат фишинг, измамнички пораки на електронски пошти низ цела Македонија, но и на соработници на Заводот низ целиот свет.
Оттаму предупредуваат да не се отвораат пораките и дека Информатичкиот сектор е запознат и работи на проблемот, а случајот бил пријавен и во Министерството за внатрешни работи. Веб-страницата на Заводот засега е во функција, со оглед на тоа што на неа речиси секојдневно се објавуваат ревизорски извештаји за институциите во кои се нотираат низа неправилности, пренесува Слободен печат.
Слично
